На нива меѓу струшките села Франгово и Калишта, полицијата денеска пронашла муниција, гранати и рачни фрлачи (РПГ).

Од МВР информираат дека оружјето било пронајдено напладне, по претходно собрани оперативни сознанија.

Од таму истакнуваат дека во координација со обвинителството се работи на расчистување на случајот.