Против поранешниот градоначалникот на општина Василево В.С. е поднесена кривична пријава за несовесно работење во службата, инфомира МВР.

-Во периодот од 2013 година до 2017 година пријавениот, како градоначалник на општина Василево, без претходна одлука на Советот на Општина Василево издавал решенија за трошоци за гориво за приватни и службени патувања на вработени и лица кои не биле вработени во наведената општина, со патнички возила кои не биле во сопственост на општината- соопшти МВР во дневниот билтен.

Со ова, пријавениот нанел штета од 303.900 денари на буџетот на општина Василево.