Четириесет и четиригодишен кумановец паднал од висина од три метри при изведување работни задачи на покривна конструкција во приватна компанија во кумановското село Умин Дол, соопшти денеска СВР Куманово.

Настанот во кумановската полиција бил пријавен во 11 часот, кога било пријавено дека во приватна фирма во село Умин Дол, Кумановско, при изведување работни задачи на покрив конструкција, И.Ѓ. (44) од Куманово паднал од висина од околу три метри и се здобил со тешки телесни повреди. Тој бил пренесен во кумановската болница каде му била укажана лекарска помош. Увид извршиле екипа од СВР Куманово и инспектор за труд и заштита при работа и се преземаат мерки за расчистување на случајот.