Шеесет и осумгодишен скопјанец пријавил дека бил измамен од едно лице. Според пријавеното, на телефон му се јавило лице и му соопштило дека неговата ќерка учествувала во сообраќајна незгода по што друго лице се претставило како полициски службеник и побарало пари за да се прикрие случајот.

Исто така, тој се согласил на тоа и подоцна пред својата куќа му предал пари на лицето Б. М., но по контактот со ќерката, сфатил дека е измамен. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.