По спроведена истражна постапка, гостиварското Обвинителство поднесе обвинение против 18-годишен жител на селото Сенокос, општина Врапчиште, кој се товари за родосквернавење.

На 15 јули обвинетиот со употреба на сила извршил обљуба врз неговата полусестра, родена 2009 година.

„Иако оштетената за цело време викала и плачела, тој ја одвлекол и извршил обљуба со употреба на физичка сила. Потоа ѝ се заканил на оштетената дека доколку каже на родителите, повторно ќе ѝ го направи истото“, информираат од Обвинителството.

Јавниот обвинител до Основниот суд во Гостивар достави и посебен предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетото лице.​​