Гостиварското Основно јавно обвинителство поднесе обвинение против 28-годишен жител на селото Форино, кој се товари дека сторил кривично дело тешка телесна повреда.

На 28 септември, во селото Добридол, при вршење семејно насилство, обвинетиот тешко ја повредил поранешната свршеница.

Тој ја пречекал оштетената, која се упатила кон својот дом, ја фатил за десната рака и почнал да ја влече за да ја внесе во својот автомобил.

Жената паднала по што обвинетиот почнал да ја удира со тупаници по лицето и телото нанесувајќи ѝ тешки телесни повреди – нагмечувања, скршеници и потрес на мозок​от.