Едно лице е тешко повредено во сообраќајна несреќа што се случила вчера кај приклучокот од Велес за Скопје.

Според инфромациите на МВР, околу 19 часот Т.З.(23) од Гостивар, со автомобил „Опел корса“ со гостиварски регистарски ознаки, излетал од коловозот. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот И.С.(24), кој бил пренесен во болницата во Велес. Увид извршила екипа од СВР-Велес.