Гостиварец со автомобил излетал од мост на автопатот Мајка Тереза и удрил во бетонски ѕид. Со тешки повреди бил пренесен во болница.

Според информаците на МВР, несреќата се случила вчера во 18 часот на мостот над локалниот пат кој ги поврзува селата Бојане  и Ласкарци кога автомобил „бе-ем-ве“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Н.И.(45) од Гостивар, излетало надвор од коловозот и удрило во бетонски ѕид од мост.

Возачот со тешки телесни повреди бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување  лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа на СВР Скопје.