Жител на Градец, Гостиварско, бил повикан во полициска станица откако полицијата добила информации дека тој со огнено оружје славел пред партиски штаб.

Имено, вчера околу 21.30 часот во Полициската станица Гостивар бил повикан Е.Ј.(44) од гостиварски Градец, постапувајќи по пријава според која завчера околу 21 часот пукал со огнено оружје на прослава пред штаб на политичка партија во Неготино, Полошко.

Увид извршила екипа од Одделението за внатрешни работи Гостивар и на посоченото место пронајдени се и подигнати за вештачење две празни чаури, а од Е.Ј. бил одземен пиштол што го поседувал со дозвола.