Гостиварското основното јавно обвинителство поведе постапка против 31-годишен гостивараец, за кој постои сомнение дека силувал девојка на возраст од 17 години.

Осомниениот на 27 месецов со употреба на сила и закана по животот на девојката извршил обљуба врз неа.

По предлог од јавниот обвинител, Основниот суд Гостивар на осомничениот му определил притвор во траење од 30 дена.​