Основното јавно обвинителство Гостивар поведе постапка против лице за кое постои основано сомнение дека извршило кривично дело pолов напад врз дете кое не наполнило 14 години.

Осомничениот во повеќе наврати во текот на 2019 година искористил погодни можности и извршил полови дејствија врз жртвата – дете на неговата невенчана сопруга.
Случајот, по добиени определени сомнежи и сознанија, бил пријавен од службени лица од Центарот за социјални работи Кичево.

Надлежниот обвинител поднесе до судијата на претходна постапка при Основен суд Гостивар предлог за определување мерка притвор против осомничениот, имајќи ја предвид тежината на стореното кривично дело, за кое е пропишана казна затвор од најмалку 12 години.