Во гостиварската полиција, 32-годишен жител на овој град со иницијали М.С., попладнево пријавил дека го пронашол починат и со повреда на главата дедо му Ќ.С. (83), во неговиот дом.

Од страна на лекар од итната медицинска помош била констатирана смрт, а извршен бил и увид од екипа од гостиварската полиција и јавен обвинител.

По наредба на обвинителот телото на починатиот е дадено на обдукција.