Гостиварското основното јавно обвинителство донесе наредба за истрага против 67-годишник од гостиварско село за сторено кривично дело полов напад врз дете кое не наполнило 14 години.

Како што информираат од обвинителството, осомничениот делото го сторил во текот на вчерашниот ден (2 април), кога искористувајќи го претходното познанство со детето го повикал во простории на старото селско училиште.

Детето давало отпор и било слушнато од минувачи, кои ја отвориле вратата и не дозволиле сторителот да побегне.​​

Јавниот обвинител кој постапува во предметот доставил до Основниот суд во Гостивар и предлог за притвор за осомничениот.