Гостиварската полиција поднесе кривична пријава против 45-годишен гостиварец со иницијали Ш.А., поради сомнение за сторено кривично дело – непостапување според здравствените прописи.

Како што информираат од МВР, на 23 март годинава, полициски службеници констатирале дека Ш.А. бил учесник во сообраќајна незгода на улицата „Беличица“ во Гостивар и постапил спротивно на издаденото решение од страна на Државниот санитарен и здравствен инспекторат со кое му била определена мерка домашна изолација.