Огнени јазици целосно зафатија стан во зграда која се наоѓа кај салата „Расадник“ во Кисела Вода.

Станот е на петтиот кат и во моментов е празен. Според информациите од терен, дел од станарите се заглавени во зградата и не можат да излезат.

На терен се излезени пет противпожарни возила кои го гасат огнот. Причината за пожарот засега не е позната.