Голем пожар избувна кај депонијата во близина на село Арачиново. Според надлежните, пожарникарите се веќе на терен и интервенираат со две возила. 

Според објавените фотографии на социјалните мрежи, може да се забележи дека станува збор за голем пожар. Пожарот е пријавен во 20.10 часот, а на терен се испратени осум пожарникари.