Фото: Дарко Андоновски

Попладневно избувна пожар на депонија од ѓубре во општина Карпош, покрај кејот на реката Вардар во близина на СЦ „Борис Трајковски“. Од проивпожарната единица во Скопје информираат дека станува збор за запалени гуми и пластика, па поради тоа изгледа дека пожарот е од поголеми размери.

– Се интервенира од наша страна и пожарот е ставен под контрола. На терен е наша екипа. Нема опасност од проширување на пожарот – информираат од противпожарната единица.

Во моментов противпожарните екипи се на терен и дејствуваат за санирање на пожарот. Е.К.