Фото: Зоран Антоски

Во последните два дена регистрирани се огнени жаришта на десетина локации во општината, а најсериозна е состојбата со пожарот помеѓу селата Жубрино и Поповјани. Ни најстарите жители на кичевијата не паметат кога во овој период од годината, во овој регион се појавиле толкав број на пожари.

-Благодарение на неодговорниот однос на жителите од нашиот регион, се појавија пожари на десетина локации во општината, од кои дел сеуште се активни. Најсериозна е состојбата помеѓу селата Поповјани и Жибрино, каде пожарот вчера беше локализиран, но утринава истиот повторно е реактивиран, благодарение на човечкиот фактор. На овој пожар интервенираат екипи на ШС Лопушник. Покрај овој пожар, регистрирани се пожари и во церско, каде интервенираа екипи на ТППЕ Кичево и овој пожар е локализиран. Пожарот кај село Рабетино е изгасен, како и оној кај село Мидинци, додека пожарот на Туинска планина е сеуште активен, но поради тешко пристапниот терен, на истиот е тешко да се интервенира од земја, целосно е изгаснат пожарот кај село Вранештица и таму моментално догоруваат дрвјата што беа зафатени од огнената стихија – истакна Леоне Станишоски од ПО на ДЗС Кичево.

Тој уште еднаш апелира до жителите на овој регион, да не ги палат стрништата кои поради сушата и топлото време може да предизвикаат пожари со несогледливи размери. З.А.