Полицијата вечерва спроведува голема полициска акција на повеќе локации низ Скопје.

Операцијата се одвива во Арачиново, на неколку места во Сингeлиќ и на Бит Пазар, а неофицијално, приведени се неколку лица.

Од МВР не откриваат за каква акција станува збор. Оттаму најавија дека деталите ќе ги споделат со јавноста во текот на утрешниот ден.