Во тек е голема полициска акција за апсење на лицата кои учествуваа во престрелката во хотелот „Александар Палас“.

Полициската станица Карпош е под опсада. Сите приоди до неа се блокирани од страна на специјалци со маски и со автомати. Секој автомобил што ќе помине го осветлуваат рефлектори.

Пред два дена во хотелот „Александар Палас“ во Скопје имаше пукање од огнено оружје. Додека во ресторанот на хотелот седеле Е. И. (21), Е. И. (25), О. Б. (35), К.И. (41) и Љ.Ќ. (25) три лица почнале да пукаат кон нив.
Тогаш Љ.Ќ., полициски службеник кој не бил на работа, испукал од службениот пиштол кон нив, по што тие заминале.