Фото: Архива

Во тек е полициска акција во Грчец и во Гази Баба, која ја води Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, потврдија за МИА од Министерството за внатрешни работи (МВР).

Според неофицијални информации, станува збор за приведување на лица кои вршеле сериозен криминал, односно нелегална трговија со дрога, додека на теренот се и специјалните единици на МВР.

Од МВР највуваат повеќе детали откако ќе заврши акцијата.