Фото: Дарко Андоновски

Главна расправа по предметот за настаните од 27 април минатата година што се случија во Собранието на Република Македонија ќе се одржи на 22 август, информираат од Кривичниот суд.

– По предметот КОК бр. 40/18 што беше оформен по одобрување на обвинителниот акт КОК ООА 10/18, а поврзан со настаните од 27 април 2017 година што се случија во Собранието на Р. Македонија, првата главна расправа е насрочена за 22.08.2018 год. во 10:00 часот. За следниот период насрочени се вкупно 37 термини за главна расправа, за што веќе се изготвуваат наредби за спровод за обвинетите кои се наоѓаат во куќен притвор, како и покани за останатите странки во предметот, се наведува во соопштението од Основниот суд Скопје 1.