Гевгеличанецот Н.В.(72) вчера во 13.25 часот во Полициската станица Гевгелија пријавил дека истиот ден околу 12.30 часот две непознати лица го измамиле и му одзеле 8.000 евра.

Како што соопшти МВР, двете лица, кои зборувале на српски јазик, му се доближиле и му побарале пари затоа што, како што рекле, имале проблем со реализација на чек во банка, а им требале како гаранција за да може едниот од нив да оди на операција во Струмица. Според пријавата, тие требале само да ги покажат парите на лекарот и потоа ќе му ги врателе. Откако им ги дал парите, заминале и не се вратиле.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.