ЈЗУ Универзитетска клиника за гастроенетрохепатологија ги демантира тврдењата на адвокатот на Бојан Јовановски изнесени во некои медиуми дека не сакале да извршат преглед врз Јовановски и дека некои од колегите се шегувале со неговата здравствена состојба.

– Адвокатот го има наодот од прегледот, проценка е дека е потребно да се направи колоноскопија, што кај најголем број пациенти се прави во амбулантски услови. Со образложение дека во притвор нема услови за прочистување, адвокатот на Б.Ј. бара тоа да биде направено во хоспитални услови, за што одлучува Судот – велат од Универзитетската клиника за гастроенетрохепатологија.

Оттука нагласуваат дека на Јовановски му бил закажан преглед во понеделникот (18.11.), со план да се направи негова подготовка во болница, но тој не бил донесен на Клиника.

– Истакнуваме дека внимателно ќе бидат разгледани новите медицински информации на пациентот, што за стручниот колегиум на клиниката, сепак, е најбитно и дека ќе биде постапено согласно неговата здравствена сосотојба, како што налага медицината базирана на докази – се додава во соопштението на Универзитетската клиника.