Четири лица се потешко повредени во четири од вкупно 22 сообраќајни незгоди што се случиле во изминатото деноноќие на подрачјето на Град Скопје.

Поголем е и бројот на полесно повредени, односно вкупно 11 лица се полесно повредени. Во десет сообраќајки е причинета материјална штета.

Дванаесет возачи се движеле со поголема брзина од дозволената, а 14 се исклучени од сообраќај пред да се стекнат со правото за управување на моторно возило. Еден возач поминал на црвено светло, а шест возачи не дале првенство на минување на пешаци.

Од сообраќај се исклучени и девет нерегистрирани возила, две технички неисправни возила и едно претоварено возило.

Во изминатите 24 часа непрописно биле паркирани 79 возила, а 54 се подигнати со специјалното возило „пајак“.