Врховниот суд денеска ќе одржи јавна седница по повод жалбите против пресудата за случајот „Диво Насеље“, која пред две години ја потврди Апелациониот суд во Скопје.

Вкупно 33 лица се осудени за „Диво Насење“. Седум на доживотен затвор, а тринаесетмина на 40-годишни затворски казни, додека четири лица добија ослободителни пресуди.

Во престрелката во мај 2015 година, животот го загубија осум припадници на македонските безбедносни сили, а беа убиени и 10 членови на вооружената група.