Вработен на билетарата во локалитетот Самоилова тврдина во Охрид крадел пари од прометот направен од продажба на билети.

Според информациите на МВР, полицијата поднесе кривична пријава против Д.С.(36) од Охрид, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „проневера во службата“.

– Во период од 07.02.2019 до 31.12.2019 во својство на службено лице-продавач на билети во локалитетот Самоилова tврдина пријавениот дел од прометот не го прикажал во сметководство и финансии, така што при извршен попис на 31.12.2019, комисиски бил констатиран кусок од продажба на штета на НУЗавод за заштита на споменици на културата и Музеј-Охрид – соопшти МВР.