Фото: Илустрација

Вработен успеал да изгасне пожар во маркет во Скопје, но притоа вдишал од чадот по што е пренесен во болница. Како што информира МВР, вчера во 14.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на булеварот „Борис Трајковски“, во магацински простор во маркет се запалил кабел од комора за фрижидер.

Пожарот со противпожарнен апарат бил изгаснат од вработениот Г.Ј.(38) од Скопје, кој додека интервенирал вдишал од чадот, по што бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош.