Против 54-годишник од селото Долна Бањица, Гостиварско, поднесена е кривична пријава за злоупотреба на службената положба и овластувањето и издавање чек без покритие и злоупотреба на платежна картичка.

– Во декември 2019 пријавениот како службено лице во ‘Пошта на Република Северна Македонија’ – подружница Гостивар, при растурање на пристигната пошта забележал затворен плик во кој имало картичка од српска банка со залепено ливче со пин-код, го отворил и од банкомат во Гостивар во неколку наврати подигнал вкупно 15.000 денари на штета на Р. С. (70) од с. Добридол, Гостиварско – информираат од МВР.