Фото: Маја Јаневска-Илиева

Вработен во подружница на АД „Пошта на РС Македонија“ во Битола украл повеќе од 760.000 денари.

Според информациите од МВР, осомничениот Д.Ј.(33) од Битола во периодот од 8.06.2018 до 21.02.2019, во повеќе наврати, присвоил износ од 761.558 денари, кои што му биле доверени при извршувањето на работните обврски.

Против него е поднесена кривична пријава за проневера во службата.