Полицијата ќе поднесе кривична пријава против 36-годишно лице кое извршило кривично дело насилство врз дете.

„Пријавениот, вработен како обезбедување во основно училиште во Кочани, на 6.10.2021 физички нападнал ученик во училиштето и му нанел повреди“, информираат од МВР.

Во врска со настанот бил извршен разговор со вработениот и со очевидци.