Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Ш.Б.(50) од село Беловиште, гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела злоупотреба на службената положба и овластување, проневера во службата и фалсификување исправа.

– Во текот на јануари 2019 година пријавениот, како вработен во АД ,,Македонски Пошти“, фалсификувал потписи на 23 налози за исплата на пензии, по што ги присвоил паричните средства наменети за корисниците – соопшти МВР.

Тој се стекнал со противправна имотна корист од 223.533 денари.