Кумановската полиција поднесе кривична пријава против 57-годишна кумановка поради сомнение за сторено кривично дело „послужување во службата“.

Како што информираат од МВР, во период од 01 јануари до 05 јуни годинава пријавената, како референт во Агенцијата за катастар на недвижности во Куманово, издала 197 имотни листови, при што надоместокот од 180 денари го наплаќала во готово од граѓаните и го задржувала за себе.

На овој начин вработената се стекнала со имотна корист од 35.460 денари на штета на Буџетот на Агенцијата за катастар на недвижности.