Во една гостиварска чајџилница при претрес полицијата откри три килограми марихуана. Набрзо потоа три лица се приведени, а две задржани во полициска станица Гостивар.

Според информациите од СВР Тетово, полициски службеници со судска наредба влегле во угостителски објект (чајџилница) кој се наоѓа на булеварот „Гоце Делчев“ и извршиле претрес. Објектот под закуп го држел Д.А. (55) од Гостивар.

– Во една помошна просторија откриени се три пресувани и облепени со најлонска лента пакувања во кои имало тревкаста материја. Најверојатно станува збор за опојна дрога марихуана чија количина е околу три килограми. Пронајдените работи се фотодокументирани и одземени, по што ќе следуваат активности за целосно расветлување на случајот.

По претресот, од слобода се лишени сопственикот на чајџилницата Д.А. (55), Р.М. (59) од Врапчиште и С.Х. (23), кој по извршениот разговор е пуштен дома, информираат од полицијата.