Безживотоното тело на 58- годишен маж Ф.С, кој се води за исчезнат, вчера во 14.30 часот било пронајдено во водите на Црн Дрим.

-При преземени мерки за пронаоѓање на исчезнато лице, вчера во 14:30 часот во водите на река Црн Дрим, на потегот помеѓу дебарските села Таранеш и Бомово, пронајдено е безживотното тело на Ф.С.(58) од Дебар, кој за исчезнат беше пријавен на 30.10.2018 година (објавено во извадок од дневни настани на 01.11.)-информираат од МВР.

На местото на настанот извршен е увид предводен од Јавен обвинител и по извршена обдукција констатирано е дека на телото нема траги на насилство.