Во вечерните часови на 12 април на паркинг од фирма во тетовското село Порој, полицијата го уапсила 31-годишниот дилер А.Б, инаку жител на ова села.

Како што информираат од МВР, при преглед во возилото „хамер“, со тетовска регистарација, кое го управувал 31-годишникот, биле пронајдени кокаин спакуван во 100 пакувања со различна големина, девет пакувања марихуана, две дигитални ваги и два мобилни телефона.

При претресот, дилерот се однесувал агресивно и физички ги нападнал полициските службеници.

Тој бил приведен во полициската станица во Тетово, неговото возило е одземено за вештачење и по целосно документирање на случајот, против него ќе бидат поднесени соодветни пријави.