Ф.Л. (45) од тетовско Добреште загина во сообраќајна несреќа на автопатот Скопје-Тетово, откако нејзиниот автомобил „тојота рав“ излетал од коловозот, објавуваат повеќе медиуми повикувајќи се на информации на СВР Тетово.

Трагичниот настан се случил околу 11 часот во близина на месноста „Еребино“, при што жртвата се здобила со тешки телесни повреди од кои починала на местото на несреќата.

На местото на несреќата се врши увид.