Во своето редовно полициско работење, ОВР-Струга ја активира велосипедската полициска патрола. Оваа нова и современа форма на полициско превентивно работење треба да обезбеди градење партнерство и поблизок контакт со граѓаните.
Велосипедската полициска патрола исто така треба да обезбеди поголема мобилност на полициската служба во одржувањето на јавниот ред и мир и во укажувањето помош и заштита на граѓаните и треба да биде субјект за поголема ефикасност во извршувањето на вкупните полициски работи. Патролата е ефикасна во спречувањето, откривањето и пронаоѓањето сторители на кражби по плажи и паркинг-простори и на други разни казнени дела – велат од СВР-Охрид.
Оттаму дополнуваат дека велосипедската патрола ќе придонесе за афирмација на велосипедизмот како спортска дисциплина и здрав начин на живот и ќе го зацврсти позитивниот имиџ за полицијата во јавноста.