Дваесет и двегодишно момче од Скопје загина во сообраќајна несреќа што се случила утрово околу 6.30 часот по локално време во познатото грчко летувалиште Халкидики, објави грчкиот портал, „Халкидики њуз“.

Сообраќајната несреќа се случила на патот Полихроно – Ханиоти.

22-годишниот возач, кој се движел кон Полихроно, под неразјаснети околности изгубил контрола над својот автомобил и се превртел.

Младиот човек кој дошол на годишен одмор на Халкидики, починал веднаш на местото на несреќата.

Неговиот 21-годишен совозач со повреди бил пренесен во болница.