Фото: Илустрација

Три лица се повредени во сообраќајна несреќ што се случила синоќа на крстосницата од бул.„Илинден“ и ул.„Никола Тесла“ во Скопје, помеѓу две возила.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле двајцата возачи, додека со телесни повреди се здобила Р.Е.(28) од Скопје, сопатничка во едното возило, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.