Вчера околу пладне на Магистралниот пат Кичево–Гостивар, кај селото Зајас, се случила сообраќајна незгода во која учествувале ПМФ „мерцедес“ со струшки регистарски ознаки управувано од А.Ф.(42) од село Делогожда, и патничко моторно возило „ауди“ управувано од М.К.( 77) од село Долно Стргомиште.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот на аудито, што биле констатирани во Медицинскиот центар во Кичево. Увидна екипа на ОВР Кичево излегла на местото на незгодата за да ги утврди причините за истата, информира Стефан Димоски од СВР Охрид.

З.А.