Во скопската полиција вчера (29 февруари) било пријавено дека на крстосницата од улиците Ѓорче Петров и Мајски манифест се случила сообраќајна несреќа во која учествувале „југо“ управувано од 22-годишен скопјанец и „бе-ем-ве“ исто така управувано од 22-годишник од Скопје.

Во сообраќајката меѓу двете возила со повреди се здобиле двајцата возачи, но настрадале и тројца пешаци, од кои две малолетни лица.

Од МВР информираат дека повредени се лица на возраст од 19, 17 и 16 години кои биле пренесени во болницата „Аџибадем Систина“ и градската општа болница „8-ми Септември“ за укажување на лекарска помош.

Спортските портали објавија дека меѓу повредените се две ракометарки на ЖРК Вардар, кои живееле во населбата Ѓорче Петров и во моментот на незгодата чекале автобус на локалната постојка.

На местото на настанот извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.