Фото: Илустрација

Полицијата уапси криминалец од Бугарија кој е меѓу најбараните во Европа, соопшти МВР.

Шеесет и тригодишниот бугарски државјанин П.И.М. бил уапсен вчера на подрачјето на Центар. По него била распишана меѓународна потерница од Интерпол Софија.

П.И.М. е осуден на казна затвор од 14 години за силување и противправно лишување од слобода и се наоѓа на листата на најбарани криминалци на Интерпол.

Судот му определи екстрадициски притвор во траење од 30 дена.