МВР до Основното јавно обвинителство во Скопје поднесе кривична пријава против С.К (25) и Г.К. (28) од Скопје поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дрело „неовластено производство и пуштење во промет на наркотични дроги психотропни супстанци и прекурсори“.

Кривично пријавените набавиле и инсталирале систем – лабораторија за производство на марихуана наменета за клиенти во Скопје.

– При претресите во дом во скопската населба Аеродром и во подрумски простории, како и во викенд – куќа во село Морани пронајдени се 6,4 килограми марихуана, како и 203 саксии со стебла од канабис. Пронајдена е и друга опрема за производство за марихуаната – рече портапаролот на МВР Тони Ангеловски.

Двајцата се приведени во полициска станица.