Денеска полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи од ОВР Прилеп, по добиена судска наредба извршија претрес во дом и други простории кај Д.Р.(50) од Прилеп.
При претресот, велат од МВР, се пронајдени и одземени пушка „Црвена застава“ калибар 16 мм, пиштол германско производство калибар 9 мм, 4 парчиња спорогоречки штапин за експлозив, детонаторска каписла број 8, 10 парчиња муниција 7,9 мм и 6 ловечки патрони, за кои не поседувал дозвола.
По целосно документирање на случајот против Д.Р. ќе биде поднесена кривична пријава за „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материјали“, казниво по чл.396 од Кривичниот законик.

Ка.М.