Според податоците добиени од ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје, во месеците јануари и февруари 2019 година, од страна на непознати лица се опожарени 40 контејнери. Овие инциденти предизвикуваат неколку вида проблеми. Му се нанесува финансиска штета на претпријатието, се одложува собирањето на комуналниот отпад во градот и се предизвикува дополнително загадување. Од претпријатието апелираат да се престане со уништувањето на нивната опрема.

– Апелираме да престане уништувањето на опремата на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје, за нашите екипи да можат навремено да ги извршуваат своите работни обврски, во согласност со оперативната програма за работа.

Сите случаи на опожарување на контејнерите се пријавени до надлежните органи и ќе бидат преземени соодветни мерки за да се пронајдат и да се санкционираат сторителите – вели м-р Ана-Марија Бранѓолица од „Комунална хигиена“ – Скопје.