Вчера во куќа во село Србица – кичевско избувнал пожар во кој изгореа голема сума на пари.

Во пожарот изгоре првиот кат од куќата сопственост на М.Л. (46).

Пожарот бил изгаснат од  страна на Територијална противпожарна единица -Кичево.

МВР информира дека опожарени биле мебелот и покуќнината во спалната соба, како и 21.500 евра и 30.000 швајцарски франци. Извршен бил увид од страна на увидна екипа од Полициската станица Кичево.