Комбе попладнево изгоре во пожар во Неготино.

Пожарот се случил кај населбата Саат кула, потврдија од Територијалната противпожарна единица. Интервенирале со две возила и четири пожарникари.

– Спречивме огнот да се прошири на тракторот на сопственикот на комбето и на неговиот полски објект, на околината – велат од противпожарната единица.

Повикаа граѓаните да бидат повнимателни, особено сега при високи температури.