Педесет и едногодишна жена е тешко повредена во пожар, кој избувнал ноќеска во куќа во скопското село Стајковци.

– Во 01.45 часот во СВР Скопје, од Бригадата за противпожарна заштита Скопје било пријавено дека во с.Стајковци настанал пожар во куќа сопственост Д.Ѓ.(51) од с.Стајковци. Во пожарот, со повреди се здобила сопственичката Д.Ѓ., која била пренесена во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје – соопшти МВР.