Скопското основно јавно обвинителство донесе наредба за истражна постапка против 28-годишен скопјанец за кривично дело неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги.

При претрес во домот на осомничениот на улицата Кленоец, на 17 ноември биле пронајдени 15 стаклени тегли и една зипер-ќесичка со вкупно 1.017,52 грама марихуана.

Притоа биле пронајдени и повеќе дигитални ваги со остатоци од дрога.

Јавeн обвинител до Основниот кривичен суд Скопје доставил предлог за определување притвор за осомничениот, поради опасност од бегство, можност за влијание врз сведоци и можност да го повтори делото.​​